Оваа Политика за приватност (во понатамошниот текст „Политика“) се однесува на https://video.bibi.mk(“, „Веб-сајт”, „Сајт”, „Платформа”, „Едукативна платформа”) во сопственост на „Светот на Биби“ – ДОО Скопје („Светот на Биби”, „ние”, „нас”, „нaшите”) и објаснува како ги собира и ги користи информациите за посетителите и корисниците на Платформата, вклучително и персоналните информации кои корисниците ги наведуваат и објавуваат на Платформата, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од/до нас. Во овој документ исто така е наведено за што, на кој начин и во кои случаи ги користиме информациите за корисниците, вклучувајќи ги и персоналните информации и како може да пристапувате до нив и да ги ажурирате.
Ние не ги продаваме, изнајмуваме, разменуваме или на друг начин ги споделуваме Вашите лични податоци со трети страни, освен како што е тоа опишано во оваа Политика. Ние не ги побаруваме Вашите лични информации доколку тие не се неопходни. Не ги споделуваме Вашите лични информации со никого освен ако тоа не е согласно со законите, во цели за понатамошен развој на продуктот или со цел да ги заштитиме нашите права. Вашите лични информации ги чуваме само доколку ни требаат за услугите кои ги нудиме.
Со Политиката за приватност се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за приватност и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност.
Со користењето и/или пристапувањето на https://video.bibi.mk/, Вие ги прифаќате практиките, правилата и условите опишани во оваа Политика, како и нашите Правила и услови на користење. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не ја употребувајте нашата платформа.
Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници—Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:
ја пристапувате или користите нашата платформа;
се регистрирате, се зачленувате или креирате профил на https://video.bibi.mk/;
ги отворате или одговарате на нашите е-пораки;
контактирате со нашата корисничка поддршка;
давате податоци за да се вклучите или учествувате во програми организирани од или за сметка на нашите Бизнис Соработници;
оставате коментари на сајтот;
ја посетувате која било веб-страница која прикажува наши реклами или содржини;
се поврзувате на сајтот преку социјалните мрежи;
https://video.bibi.mk има право да собира и користи податоци за Корисниците. Информациите со кои Корисникот може да се идентификува опфаќаат: локација, адреса на е-пошта, како и сите други информации што Корисникот доброволно ги внел или се предвидени при користење на Услугите на платформата https://video.bibi.mk/.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на едукативната платформа, како на пример креирање на профил, пријавување на натпревар или игра спонзорирана од нас или нашите бизнис соработници, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на нас или нашите бизнис соработници повратни податоци, барање податоци за нашите услуги, може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас. Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација.
Доколку се регистрирате на нашата платформа, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име на училиштето во кое учи корисникот на платформата, одделение во кое се наоѓа, оценки кои ги има за одреден предмет, степен на образование (основно, средно), е-адреса.
Кога ќе направите претплата на функционалностите на едукативната платформа, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на ХалкБанк. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.
Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме услуги, заради администрирање на игри и натпревари, за да го подобриме работењето на платформата https://video.bibi.mk, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на https://video.bibi.mk, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика. На пример, ако испратите електронска порака до нашата корисничка поддршка, ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет страна. Вашите коментари може да содржат лични податоци како што е на пример вашето име, ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар, пред објавувањето на Вашиот коментар пред јавноста. Покрај тоа, ако ја користите нашата платформа да испратите информација на друго лице, може да ги зачуваме вашите лични податоци. Ние, исто така може да ги користиме личните податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите Услови на користење и оваа Политика за приватност, во согласност со применливиот закон.
НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор ("URL") на веб-страницата која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата платформа, URL на веб-страницата која сте ја посетиле по напуштањето на нашата платформа, типот на пребарувачот што го користите и вашиот Интернет протокол ("IP") адреса. Ние, и / или нашите овластени трети странки Бизнис провајдери и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како "Cookies" и Web beacons или Пиксел тагови.
Согласувајќи се со Условите за користење и оваа Политика, Корисникот се согласува корисничките информации да се обработуваат согласно предвиденото во нив и во согласност со прописите за заштита на лични податоци на Република Македонија.
Внесувањето/Давањето на личните податоци кои се означени како задолжителни за доставување во соодветните електронски обрасци за регистрација на https://video.bibi.mkсе неопходни за регистрација на Корисникот, и за понатамошен пристап до Корисничките услуги за кои е потребна регистрација.
Недоставувањето на овие информации претставува пречка за вршење успешна регистрација или основа за прекин на соодветната регистрација, еднострано од страна на video.bibi.mk, согласно Условите за користење.
Го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични информации доколку тоа се бара со закон или кога веруваме дека таквото откривање е неопходно со цел да ги заштитиме нашите права, или кога треба да постапиме во согласност со судската постапка, судски налог или правен процес кој нѐ вклучува нас или кој било од нашите соработници или партнери.
ЛОГ ДАТОТЕКИ. Кога се пристапува до https://video.bibi.mk/, ние автоматски собираме информации и ги зачувуваме во лог датотеки. Овие информации ги вклучуваат: IP-адресите, адресите на страниците до кои се пристапува (URL), географските локации, типот на пребарувачите, интернет сервис провајдерите (ISP), оперативните системи, посетените страници, времето на посета и слично.
Ние ги користиме овие информации, кои не ги идентификуваат индивидуалните корисници, за статистички цели, за анализа на трендови, за да се администрираат веб-сајтовите, за да се гледа движењето на корисниците низ веб-сајтовите и за да се соберат демографски информации за нашата база на корисници во целина. Ние не ги поврзуваме овие автоматски собрани податоци со личните информации, освен во случај кога постои активност за која се смета дека е во конфликт со нашите Услови за користење. Во тој случај овие информации може да се искористат за да се идентификуваат корисниците кои ги прекршуваат Условите за користење или Политиката за приватност.
Како и најголемиот број на веб-сајтови, така и https://video.bibi.mk/користи колачиња (cookies), како мало количество на информации кое се чува на корисничките компјутери. Колачињата ни овозможуваат да ги “запаметиме” информациите за преференциите и најавите на корисниците и им овозможуваат на корисниците да се движат низ платформата без потреба да се најавуваат повторно. Корисниците кои ги исклучуваат колачињата нема да бидат во можност да го користат https://video.bibi.mk, бидејќи тие се задолжителни за да се одржува најавата во нашиот сервис.
Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога го посетувате веб-сајтот. Кога следен пат ќе го постите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат вашите преференции и други информации но не можат да читаат ваши податоци или информации од вашиот хард-диск или пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други сајтови. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.) но маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците.
Оваа Политика го покрива користењето на колачињата само од https://video.bibi.mk, и не го покрива користењето на колачињата од огласувачите. Некои од нашите бизнис партнери исто така користат колачиња на нашиот сајт. Ние немаме пристап и контрола над тие колачиња. Колачињата поставени од други страни се нарекуваат "колачиња од трети-страни". Колачињата од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашата платформа како (рекламирање, функции на социјални медиуми, аналитики).
Ги користиме овие технологии за да ги администрираме нашите страни, за подобро разбирање и оптимизирање на користењето на платформата од страна на посетителите и премиум корисниците, да анализираме трендови, да ги следиме активностите на корисниците и со тоа да овозможиме персонализирани промотивни пораки и реклами. Оваа страна објаснува што се технологиите и вашите права за промени и контролирање на употребата на колачињата. Кога прв пат ќе пристапите на https://video.bibi.mkможе да добиете порака која што ве известува дека користиме "колачиња". Со кликнување на "се согласувам", затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на https://video.bibi.mk/вие изјавување дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии. Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во кое било време (Како да ги контролирате колачињата, содржано подолу во текстот). Може да ги промените нагодувањата на вашиот пребарувач за да ограничите или забраните колачиња и можете да ги избришете од кој било уред во кое било време. Ако не се согласувате или ги избришете колачињата некои делови од нашата платформа кои ги пристапувате може да не функционираат како што треба или да им треба многу повеќе време да се отворат.
Иако податоците се користат со добра намера и цели за да го подобриме вашето искуство вие можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате, како и да ја ограничите комуникацијата која https://video.bibi.mk/ја има со вас.
Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во кое било време. Преку нагодувањата во веб-пребарувачот може да нагодите кои колачиња ќе ги задржите, а кои не сакате да ги задржите. Исто така може да ја исконтактирате компанијата која ги поставила и која ги контролира колачињата.
Личните информации кои ги имате внесено во системот, како што е Вашиот имејл (електронска пошта), се прикажуваат во администраторскиот дел од системот до кој пристапувате, но само доколку претходно се најавите.
https://video.bibi.mk(или нашите "Бизнис Провајдери" во наше име) ги користи собраните податоци кои се образложени во оваа Политика со цел:
информациите кои ги собираме преку нашите логови се користат со цел идентификација на потенцијални случаи на злоупотреба на нашиот систем или со цел добивање на статистички информации за користење на системот;
работење, одржување и подобрување на нашата платформа и услугите кои ги нудиме и испраќање на известувања кои се однесуваат на нејзината работа, како и други програми;
понуда на реклами базирани на вашите интереси, push нотификации, комуникација и понуди за производи и услуги од нас нашите бизнис соработници (трети компании), вклучително и комуникација базирана на геолокација;
да ви одговараме на Ваши барања и прашања;
анализа и спроведување на истражувања;
да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи околу https://video.bibi.mk и нашите Бизнис Соработници;
да ви испраќаме потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации, вклучително во име на нашите Бизнис Соработници;
да аминистрираме анкети, наградни игри, натпревари или други промотивни активности или настани организирани од нас или наши Бизнис Соработници;
да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на платформата, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите;
да идентификуваме потенцијални случаи на злоупотреба на нашиот систем или со цел добивање на статистички информации за користење на системот.
Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични информации доколку тоа се бара со закон или кога веруваме дека таквото откривање е неопходно со цел да ги заштитиме нашите права, или кога треба да постапиме во согласност со судската постапка, судски налог или правен процес кој нѐ вклучува нас или кој било од нашите соработници или партнери.
Ние (или нашите "Бизнис Провајдери” во наше име) нема да ги споделиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:
Со нашите маркетинг партнери, бизнис партнери, компании кои се рекламираат на платформата ги споделуваме агрегатните информации за корисниците. Овие информации не ги идентификуваат индивидуалните корисници и содржат статистики поврзани со географската локација на корисниците и посетеноста на сајтот. Овие информации по потреба може да ги споделуваме и со трети компании со кои соработуваме и кои ни помагаат да ги анализираме статистиките за корисниците со цел за да ги подобриме нашите услуги. Агрегатните статистички податоци од корисниците не ги поврзуваме со нивните персонални информации.
https://video.bibi.mk/ соработува со трети компании и ги користи нивните услуги. Овие "трети лица - Бизнис Провајдери” извршуваат функции во наше име, како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични податоци со такви провајдери за испраќање е-пошта, администрирање на натпревари или игри, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на веб-сајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници.
Пример за овие услуги се процесирање на плаќањата со платежни картички, користење на сервери за е-пошта или анализирање на податоци. Овие трети компании имаат пристап до личните податоци со цел да ги извршуваат нивните услуги во наше име и се овластени од нас да ги користат овие податоци само во случај на услугите кои ги обезбедуваат за нас.
Во случај на трансфер или продавање на бизнисот, информациите за корисниците како дел од бизнисот исто така се пренесуваат понатаму, но тие остануваат да бидат заштитени со претходната Политика за приватност.
Го задржуваме правото да ги споделиме и откриеме информациите за корисникот, односно податоците за корисничката сметка и личните податоци, во случај кога тоа е наложено законски; кога треба да се спроведат или применат Условите за користење на услугата; кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата платформа, интелектуалната сопственост или сигурноста на https://video.bibi.mk, нашите корисници и останатите. Ова вклучува и размена на информации со останати компании и организации со цел заштита од измами.
Ние може да откриваме или споделуваме Не-лични податоци со бизнис соработниците, и огласувачите. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со "Огласувачи" или "Маркетинг компании".
Сите кориснички информации кои се сочувани во системот се чуваат во безбедни бази на податоци, заштитени преку различни индустриски стандарди за контроли на пристап, безбедносни лозинки, SSL енкрипција, firewalls и останати мерки на безбедност. Меѓутоа, ниту една компанија, вклучувајќи го и Светот на Биби ДОО, не може во целост да ги елиминира безбедносните ризици при пренос на податоци и информации преку онлајн конекции, така што користењето на овие системи е на Ваш сопствен ризик.
Сериозно ја сфаќаме безбедноста и преземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи https безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страница со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер, до кои само ние имаме пристап. Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигуриме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.
Податоци за плаќање: Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето, од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Халк банка која е серфитицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку https безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, единствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани.
Можете да ги пристапите, промените или избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата “Профил”. Единствено што не може да го промените сами е Вашата е-адреса во профилот, затоа доколку сакате да ја промените ве замолуваме да ни испратите електронска порака на support@bibi.mk со адресата која сакате да се замени и новата адреса.
Податоците кои ги поставувате на платформата пожелно е навремено да ги обновувате. Вашите лични податоци ќе ги чуваме се додека вашиот профил е активен.
Доколку сакате да го деактивирате или отстраните профилот може да испратите барање на support@bibi.mk, меѓутоа и по деактивацијата на Вашата корисничка сметка, информациите ќе останат во нашиот систем бидејќи законски сме обврзани да ги чуваме тие податоци. Деактивирањето на вашиот профил не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности, не можеме да ги избришеме податоците поврзани со изминатите купувања на веб-страната поради евентуален случај на спор, анализи на продажбите, месечни и годишни извештаи.
https://video.bibi.mk/им дава на корисниците можност за комуникација и објавување на содржини на јавни мрежи како Facebook, Instagram, Тик Ток и др. Вашата интеракција на овие мрежи и сите информации кои ги објавувате преку нив се јавно видливи и достапни надвор од доменот на https://video.bibi.mk. Секоја социјална мрежа има своја политика за приватност. Ние не сме одговорни за информациите кои ги објавувате на овој начин.
Оваа Политика се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на https://video.bibi.mk/. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб-сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци / Политиките на приватност на таа веб-страница. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.
https://video.bibi.mk е забавно едукативна платформа наменета за деца родители. Регистрирањето на корисници под 13 години е можно само со помош на родител/старател. Сајтот е дизајниран со намера да услужува како малолетни лица и возрасни лица (родители/старатели). Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој има под 13 години и не е регистриран со својот родител/старател.
Во случај доколку одлучиме да ја промениме Политиката за приватност, промените ќе бидат објавени во оваа Политика за приватност и на други јавни места. Политиката за приватност нема да се менува во насока да биде помалку заштитничка од претходната, без за тоа да има согласност од засегнатите корисници.
Го задржуваме правото да ја менуваме Политиката за приватност во кое било време и затоа Ве замолуваме да ја проверувате почесто.
Доколку имате прашања или сугестии за нашата Политика за приватност, ве молиме отворете ја нашата контакт страница и искористете ги контакт информациите приложени таму за да нѐ контактирате.