Добре дојдовте на video.bibi.mk, веб-платформата (дефинирана подолу). Со нејзино користење Вие се согласувате со правилата и условите за употреба (дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања, слободно обратете ни се.
Со внесување на Вашата е-адреса и регистрација на платформата, Вие се согласувате со правилата и условите за употреба на услугата. Можете да го прекинете вашето членство во кое било време.
Со користењето на услугите на video.bibi.mk едукативната платформа, Вие сте согласни да се обврзете со овие правила и услови за употреба. Овластување и дозвола да ги користите услугите на video.bibi.mk едукативната платформа имате единствено доколку ги почитувате и се придржувате кон сите применливи закони и кон овие Правила и услови за употреба.
Светот на Биби ДОО, ja поседува и менаџира со едукативната платформа https://video.bibi.mk/ и нејзините мобилни апликации и верзии. Со употреба на оваа платформа и нејзините услуги Вие ("Вие" или "крајниот корисник") се согласувате со Правилата и условите на употреба (дефинирани подолу). Исто така се согласувате и со нашата Политика за заштита на лични податоци лоцирана на следниот линк и се согласувате дека повремено ќе ги посетувате Условите на употреба за да сте во тек доколку истите претрпат измени. Политиката за заштита на лични податоци заедно со овие Правилата и услови на употреба, збирно се нарекуваат Услови на употреба.
АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА, МОЖЕТЕ ВЕДНАШ ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА ЈА КОРИСТИТЕ ВЕБ ПЛАТФОРМАТА И ДА НЕ ГИ КОРИСТИТЕ УСЛУГИТЕ КОИ ГИ НУДИ video.bibi.mk. НЕ УЧЕСТВУВАЈТЕ ВО НИТУ ЕДНА ПРОГРАМА, НЕ ВРШЕТЕ ПРЕТПЛАТА НА УСЛУГИТЕ КОИ СЕ НУДАТ ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА.
Одредени услуги може да бараат дополнителни правила и услови и во тој случај кликнување на „прифаќам" копчињата и/или други назнаки и/или други слични методи за стекнување на Вашата согласност ќе значи дека сте согласни со наведените правила и услови (доколку ги има).
video.bibi.mk претставува интерактивна онлајн платформа преку веб-страната на доменот Светот на Биби, како под-домен на https://bibi.mk/ ,bibi.mk, со кој дејствува фирмата Светот на Биби ДОО.
video.bibi.mk на регистрираните корисници им овозможува користење на платформата за дополнување на нивното знаење преку различни интерактивни содржини како видео лекции и задачи/тестови.
За да ја користите услугата, мора да имате пристап до интернет, директно или преку уреди кои пристапуваат до содржини базирани на интернет. Не е дозволено да пристапувате на услугата на друг начин освен преку предвидениот кориснички интерфејс за тоа.
Услугата може да вклучува и наши објави, како што се најавите за новите услуги, административни пораки и билтени. Ваквиот тип комуникација се смета како дел од членството во video.bibi.mk.
Ве молиме, имајте предвид дека дел од услугите (или специјалните функции) може да бидат овозможени само за корисниците кои се претплатиле за такви услуги и video.bibi.mk има право да наплатува надомест за таквите услуги.
Платформата, целата содржина на платформата и инфраструктурата која се користи за да ја направи платформата достапна се сопственост на Светот на Биби ДОО. Со користење на оваа платформа од крајниот корисник и согласување со сите правила и услови изнесени во продолжение на овој текст (a) video.bibi.mk ви овозможува лимитирана, лична, непреносилва, не-ексклузивна лиценца за да ја користите платформата во согласност со овие Правила и услови на употреба и со сите дополнителни политики и правила поставени од video.bibi.mk; и (б) се согласувате дека нема да ја репродуцирате, дистрибуирате, пренесувате, препродавате која било содржина, софтвер или производи или услуги добиени преку платформата без претходно одобрување од video.bibi.mk.
Како предуслов на платформата, Вие се согласувате дека:
Имате најмалку 13 години (доколку имате помалку од 13 години регистрирањето на оваа платформа го прави родителот/старателот);
Родителот/ старателот е во можност да направи правна обврска;
Не ви е законски забрането (и на родителот/старателот) да користите одредени услуги или производи;
Нема да се обидете да вршите какво било дејство врз платформата за вадење на информации од него како пуштање robots, crawlers и други алатки за вадење информации;
Вашето користење на платформата во секое време ќе биде во согласност со овие Правила и услови на употреба;
Ќе оставате точни информации за Вас во кое било место на платформата каде оставате податоци;
Ќе ги променувате податоците за вас по потреба за да се осигурате дека се точни во кое било време;
Вие сте одговорни за Вашата лозинка и нејзино доверливо чување.
Оваа платформа нема да биде достапна за (А) кои било корисници кои биле претходно суспендирани од платформата од страна на video.bibi.mk или (Б) лица кои се под 13 години чија регистрација не е одобрена од родител старател и/или законски застапник. Со притискање на копчето „Регистрација„ или регистрирајќи корисничко име на друг начин изјавувате дека (а) не сте биле претходно суспендиран или избришан од video.bibi.mk платформата; (б) дека Вие сте најмалку на 13 годишна возраст или (в) вашиот родител и/или законски застапник се согласиле за Вашето користење на платформата (г) дека вашата регистрација и вашата употреба на платформата е во согласност со сите важечки закони и прописи.
video.bibi.mk го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на платформата или на профилот на кое било лице, во кое било време поради која било причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на video.bibi.mk, и video.bibi.mk не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на video.bibi.mk е да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, платформата може да е недостапен од време на време поради каква било причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Вие разбирате и признавате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на video.bibi.mk, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време.
video.bibi.mk има право во секое време да го промени или прекине кој било аспект или функција на платформата, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на платформата.
video.bibi.mk го задржува правото во кое било време да го прекине или измени кој било аспект од Правилата и условите на употреба и/или од Политиката за заштита на лични податоци како што смета дека е неопходно или пожелно. Таквите промени може да вклучуваат, меѓу другото, додавање на одредени такси или давачки. Ако video.bibi.mk прави какви било суштински промени, ние ќе ве известиме со испраќање на порака на e-адресата која е регистрирана со вашиот профил и/или со објавување на известување за промена на веб-платформата. Овие промени нема да важат за направените претплати на услугите пред да стапи на сила датумот на ваквите промени. Ако не се сложувате со промените можете да го избришете Вашиот профил без каков било надоместок и да не ги користите во иднина услугите на платформата по промената на условите. Затоа Ви препорачуваме да ги препрочитате овие важни информации кои ги содржат нашите Правила и услови на употреба и Политиката за заштита на лични податоци од време на време, со цел да останете информирани за какви било промени. Секое користење на платформата од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање од страна на крајниот корисник на тие измени.
За да регистрирате корисничка сметка, мора да обезбедите важечка електронска адреса и други информации („податоци за регистрирање"). Во процесот на регистрација, потребно е да изберете лозинка и корисничко име за пристап на платформата.
Вие сте одговорни за обновување на податоците во Вашиот профил. Како дел од измените на Вашиот профил имате опција да: промените, зачувате или избршете какви било информации. Вие знаете и се согласувате дека video.bibi.mk нема никаква одговорност за каков било инцидент кој може да произлезе од или е поврзан со Вашиот профил. Само Вие сте одговорни за одржување на безбедноста на Вашиот профил. Ние ќе претпоставиме дека кое било лице кое го користи платформата преку Вашиот профил сте Вие. Вие сте одговорни за одржување на доверливоста на лозинката и сметката, како и за сите активности кои се случуваат под името на вашата корисничка сметка. Се согласувате дека единствено вие сте одговорни за која било активност која се случува на или со Вашиот профил. Вашиот профил може да биде отстранет ако истиот не го одржувате со тековни податоци.
По основ на користење на услугата, се согласувате дека ќе ги ажурирате и одржувате вистинити, точни, тековни и целосни податоците за регистрација. Доколку поднесете информација која е невистинита, неточна, измината или нецелосна, или доколку video.bibi.mk има разумна основа да се сомнева дека има информации кои се невистинити, неточни, изминати или нецелосни можеме да го суспендираме или да го исклучиме Вашиот профил односно корисничка сметка и да одбиеме какво било понатамошно користење на услугата или кој и да било дел од неа.
Вашиот профил не е пренослив. Не смеете да го споделите или продадете со/на друго лице. Кое било непочитување на овие Правила и услови на Употреба може да доведе до негово исклучување без претходно известување. Исклучен или отстранет профил ја губи направената претплата за Премиум услугите, без разлика дали е изминат периодот за кој важи платената претплата. Исто така, го задржуваме правото да ја промениме или исклучиме која било опција од нашaта платформа, вклучително, но не и ограничено на барањата за употреба на платформата.
На лицата под 13-годишна возраст им е забрането регистрирање или користење на кориснички сметки преку video.bibi.mk без одобрување од родител/старател. Доколку биде отворена сметка од лице под 13 години ќе сметаме дека истата е отворена со одобрување од родителот/старателот.
Крајниот корисник е одговорен за снабдување и одржување со компјутерски хардвер и друга опрема потребна за пристап и користење на овој платформа и сите трошоци поврзани со тоа. video.bibi.mk не е одговорен за каква било штета на опремата на крајниот корисник како резултат од користењето на овој платформа.
Сите интеракции на платформата мора да се во согласност со овие Правилата и условите на Употреба. Доколку забележиме дека Вашето однесување му попречува или му забранува на кој било друг корисник да го употребува кој било дел од платформата, може да го ограничиме Вашиот пристап и користење на платформата.
Доколку утврдиме дека вашата корисничка сметка се користела за нелегални или измамнички активности, тогаш таа може да биде веднаш затворена, нејзините финансиски податоци избришани и корисникот ќе биде пријавен на надлежните власти. Следните активности се забранети на платформата и означуваат кршење и непочитување на Правилата и условите на употреба.
Поставување каква било содржина на платформата која:
Ги крши применливите закони (вклучувајќи, но не ограничено на: закони за интелектуална сопственост, закони кои се однесуваат на заштита на лични податоци и закони кои се однесуваат на клевета);
Содржи лични податоци, освен ако ние јасно не побараме од вас такви информации;
Содржи вируси или лош софтвер кој може да наштети;
Нуди преземање на заштитени, доверливи или лични податоци;
Има ефект на наметнување на другите;
Содржи пораки од неовластени лица од video.bibi.mk, кои наводно зборуваат во име на video.bibi.mk или даваат доверливи информации поврзани со video.bibi.mk;
Намерно е несоодветна, претставува измама, или фалсификува податоци; или
Е заштитена со авторски права, трговска марка или кој било друг тип на интелектуална сопственост без јасна изречена согласност од сопственикот на авторското право, трговската марка или друга интелектуална сопственост;
Се претставувате лажно како физичко или правно лице, ентитет или субјект, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, вработените и претставниците на video.bibi.mk, лажно да изјавувате или лажно да ја претставувате вашата поврзаност со личност или ентитет.
Обидот да се направи или всушност да се направи што било од следното:
Пристапување до податоци кои не се наменети за вас, како и логирање на сервер или профил која не се овластени за пристап; Скенирање или следење на платформата со цел собирање на податоци, во обид да се следи продажбата, користењето, агрегирани информации за понудите, информации за цените или слични податоци;
Скенирање или тестирање на безбедноста или конфигурацијата на платформата или да се прекрши безбедноста или мерките за автентикација; или
Мешање во употребата на платформата на кој било корисник на кој било начин, вклучувајќи, без ограничување, по пат на поднесување на вирус на платформата обид да се направи преоптоварување со "спам", или да се направи прекин на платформата.
Вчитување, испраќање, објавување или на друг начин пренесување на материјал кој содржи софтверски вируси или компјутерски код, фајлови или програми дизајнирани да прекинуваат, уништат или ја ограничат функционалноста на компјутерскиот софтвер, хардвер или телекомуникациска опрема;
Да се мешате во или ја нарушите услугата, серверите или мрежите поврзани со услугата, или да не ги почитувате барањата, процедурите, политиките или регулативите на мрежите поврзани со услугата;
Да се обидете да прескокнете или прескокнете безбедносна компонента поврзана со содржините или услугата;
Да се обидете или да се вклучите во постапка која директно или индиректно го попречува правилното работење на интернет-платформата или предизвикувате неразумно оптоварување на инфраструктурата на video.bibi.mk;
Испратите, вчитате, објавите или на друг начин пренесете кориснички содржини со кои се повредуваат патенти, трговски тајни, авторски права, правата на приватност или публицитет или други сопственички права на некоја страна;
Ја користите услугата за насочување кон друга интернет-страница;
Барате или се обидувате да земете од трети лица лозинки или лични податоци за незаконски цели;
Поставите датотеки и документи со цел да се хостираат од наша страна и да се користат надвор од интернет-страницата направена со користење на услугата;
Пристапувате до услугата преку автоматизирани методи. Услугата единствено може да се користи или да и се пристапи преку електронски уред и тоа мануелно во текот на целото нејзино користење;
Со сопствено програмирање креирате интернет-страница која содржи штетно корисничко искуство. Примери за ова се, но не се ограничува на екстремни светкави банери и прекумерни анимирани движења.
Употреба на кое било од следното:
Рамки (анг. frames), техники на рамки (наг. framing techniques) или технологија на рамки (анг. framing technology) да се прикаже или открие која било содржина од платформата без наша писмена дозвола;
Која било содржина од платформата, вклучувајќи без ограничување Кориснички содржини (дефинирано подолу), во било кои мета таговите или кој било друг "скриен текст" техники и технологии без наша писмена дозвола;
Платформата или која било негова содржина за да се рекламира или дистрибуира, за комерцијални, политички или верски цели или да се натпреваруваат, директно или индиректно, со video.bibi.mk; или
Платформата или кој било од неговите ресурси за да придобие корисници, трговци или други трети страни да станат корисници или партнери на други онлајн или офлајн услуги директно или индиректно конкурентни или потенцијално конкурентни со video.bibi.mk, вклучувајќи, без ограничување, собирање тековни или претходно понудени понуди.
Собирање на кои било од следните наведени работи:
Содржина од платформата, вклучувајќи, но не и ограничена на тековните или претходните понудени промотивни понуди на платформата и потоа прикажување на корисниците на таква содржина на кој било начин со цел да се пренасочат корисниците од платформата кој друг трета страна, без наша писмена дозвола;
Лични податоци (дефинирани во Политиката за заштита на лични податоци), Корисничка содржина (дефинирана во точка 13 подолу) или содржина од кој било корисник или Продавач.
Вклучување во која било од следните активности:
Упаѓање или попречување на правилното функционирање на кој било дел, платформата или област на платформата или на кои било функции или услуги обезбедени од страна на video.bibi.mk;
Преземање каква било акција што создава прекумерна побарувачка за нашите услуги или наложува, или може да наметне, неразумно или несразмерно големи оптоварувања на нашите сервери или други делови од нашата инфраструктура;
Пристапување, следење или копирање на која било содржина од платформата, користење на кој било "робот", "пајак", или други автоматски средства или кој било рачен процес за каква било цел, без нашa писмена дозвола;
Агрегирање и прикажување на кои било актуелни или претходни понуди или содржина или други информации од платформата со материјали од други платформи без наша писмена дозвола;
Длабоко поврзување со кој било дел од платформата (вклучувајќи, без ограничување, патеката за купување односно претплата на услугите) без наша писмена дозвола;
Поврзување до платформата од кој било друг веб-платформа без наша почетна и тековна согласност; или
Дејствување незаконски или злонамерно против бизнис интересите или угледот на video.bibi.mk, нашите продавачи или нашите услуги.
Ја споделите вашата лозинка, дозволите на некој друг да пристапи на вашата корисничка сметка, или да направите нешто со кое би можело да се загрози безбедноста на вашата корисничка сметка.
Вчитате, испратите, објавите или пренесете несакани комерцијални електронски или спам-пораки. Ова вклучува неетички маркетинг, рекламирање или друга практика која е на некаков начин поврзана со "спам", како што се: a) испраќање на масовни е-пораки до примачи кои не побарале од вас е-адреса или праќање на е-порака со лажна повратна адреса, б) промоција на интернет-страници со несоодветни линкови, наслови, описи или в) промоција на вашата интернет-страница преку објавувања на повеќекратни поднесоци во јавни форуми кои се идентични;
Намерно или ненамерно ги кршите локалните, државните, националните или меѓународните закони;
Скришно или на друг начин ги малтретирате другите;
Сериозно ја сфаќаме безбедноста на Вашите лични податоци. Ве охрабруваме внимателно да ја прегледате Политиката за заштита на лични податоци за да се информирате за важни правила под кои ние може да собираме, користиме и споделуваме лични податоци. Нашата политика за заштита на приватност е содржана во овие Правила и услови на употреба, а истата може да ја пристапите тука.
Вие сте одговорни за одржувањето на безбедноста на Вашата корисничка сметка и содржини. Исто така, целосно сте одговорни за сите активности регистрирани на корисничката сметка и за сите други активности поврзани со Вашата интернет-страница. Се согласувате дека веднаш ќе го известите video.bibi.mk во писмена форма за секоја неовластена употреба на Вашата корисничка сметка или некоја друга форма на нарушувањата на безбедноста. Ние не можеме и нема да бидеме одговорни за загуба или штета како резултат на неисполнување на оваа обврска за безбедност. Вие потврдувате и се согласувате дека под никакви околности Светот на Биби ДОО нема биде одговорен, на кој било начин, за дејства, пропусти или грешки од страна на video.bibi.mk корисник или трето лице, вклучувајќи и штети од кој било вид кои би се јавиле како резултат на таквите акти, пропусти или грешки.
Вие сте согласни и прифаќате дека ние може да пристапиме, зачуваме и ја откриеме вашите регистрација и други информации кои ги приложувате доколку е потребно тоа да се направи со закон или во добра волја и верување дека таквиот пристап, зачувување или откривање, според нас е неопходен. Откривањето на информациите кон трети лица, понатаму е наведено во политиката за приватност.
Услугата може да биде прекината од нас, без причина, во секое време. Услугата може да биде прекината од Вас, без причина, следејќи ги процедурите за откажување. Можете да ја откажете услугата во секое време, но претплатата ќе биде активна до крајот на периодот за којшто сте платиле.
video.bibi.mk може да ја прекине услугата во секое време, без казна и без претходна најава, доколку не исполните некој од условите во Правилата и условите за употреба или ја прекршите заштитата на интелектуалната сопственост која се применува на оваа услуга.
По прекинот може да добиете известување за прекин на услугите пратено на е-адресата од Вашата корисничка сметка. По раскинувањето, ние имаме право да ги избришеме сите податоци, датотеки, кориснички содржини или други податоци кои се чуваат во/за вашата корисничка сметка.
Може да ја измениме, замениме, да одбиеме пристап до, суспендираме или прекинеме услугата, делумно или целосно, или да додадеме и промениме цени за сите или дел од услугите наменети за Вас или за сите наши корисници во секое време и по наше сопствено убедување. Промените ќе стапат во сила веднаш по нивното објавување на интернет-страницата или преку директна комуникација со Вас, освен ако тоа јасно не е наведено поинаку.
Понатаму, ние го задржуваме правото да задржиме, отстраниме или отфрлиме корисничка содржина достапнa како дел од Вашата корисничка сметка, со или без известување доколку сметаме дека е спротивно на овој Договор. За избегнување на недоразбирање, немаме обврска за чување, одржување или обезбедување на копии од содржина поставена од вас или останатите корисници при користење на услугата.
Со учествувањето во која било програма, маркетинг промоција, игра или друга активност организирана од video.bibi.mk Вие се согласувате со овие Правила и услови на употреба.
Платформата содржи заштитен материјал, авторски права, трговска марка и други сопственички информации, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на текст, софтвер, слики, видео, квизови, софтверската документација, дизајнот, изгледот, графика, музика и звук. Се што се наоѓа на оваа платформа (“video.bibi.mk”) е во ексклузивна сопственост на Светот на Биби Доо. video.bibi.mk има авторско право над селекцијата, одбирање, координацијата или модификација на содржината како и во содржината која оригинално ја поседува video.bibi.mk има авторско право над фотографиите кои се во негова сопственост. СЕКОЕ КОПИРАЊЕ, ДИСТРИБУИРАЊЕ, ПРЕНЕСУВАЊЕ, ПОСТИРАЊЕ, ПОСТАВУВАЊЕ ЛИНКОВИ, МОДИФИЦИРАЊЕ, УЧЕСТВУВАЊЕ ВО ПРОДАЖБА, ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН МОДИФИЦИРАЊЕ НА ОВОЈ ПЛАТФОРМА ИЛИ НЕКОЈА ОД МИКРОСТРАНИТЕ, ИЛИ НА КОЈ БИЛО ДРУГ НАЧИН КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНАТА, ДЕЛУМНО ИЛИ ЦЕЛОСНО БЕЗ ИЗРЕЧНА ПИСМЕНА ДОЗВОЛА ОД Светот на Биби ДОО Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО. Секое прекршување на оваа политика може да резултира со прекршоци на авторските права, трговската марка или друга интелектуална сопственост и може да го доведе крајниот корисник до граѓански и/или кривични казни.
Не е дозволено и вие се согласувате дека нема да ги правите следниве активности: враќање на кодот (reverse engineering), декомпилација (decompile), дешифрирање, модифицирање, репродукција, објавување, преведување, копирање, дистрибуирање, продажба, изнајмување, пренос, искористите слабост (exploit) или на друг начин да се обидете да откриете програмски код или изворен код (source code), користен во или со услугата и содржините или на друг начин ги дистрибуирате содржините, освен како што тоа е посебно дозволено во овој Договор.
Исто така, се согласувате дека нема да ја репродуцирате, умножувате, копирате, продавате или препродавате дел од услугата, користењето на услугата, или пристапот до услугата без претходна наша писмена дозвола.
Вие не може да го користите, продавате, копирате, дистрибуирате, подлиценцирате, давате гаранција или на друг начин се обидете да пренесете право врз содржините, креирате деривации врз основа на нив или комерцијално ја експлоатирате содржината, во целост или делумно, на друг начин освен како што тоа е јасно нагласено со овие Правила и услови на употреба.
Сите трговски марки, логоа, таг-линии или слогани, кои се дел од video.bibi.mk и услугата во целост, се сопственост на video.bibi.mk. Сите останати трговски марки, логоа, таг линии или слогани се сопственост на нивните соодветни сопственици. Освен ако поинаку не е засебно предвидено во овој документ, ништо не треба да се толкува како давање дозвола или право на користење на трговска марка, лого, таг-линија или слоган прикажани на video.bibi.mk без наша писмена дозвола или писмена дозвола од третите лица кои може да бидат сопственици на трговски марки, логоа, таг-линии, или слогани.
Секое користење на содржините за друга намена освен онаа за која е посебно дозволено овде или без наша претходна писмена согласност или претходна писмена согласност од нашите соработници, е строго забрането. Ние ги задржуваме сите права кои експлицитно не се дадени во овој договор.
video.bibi.mk е заштитена трговска марка на СВЕТОТ НА БИБИ ДОО. Сите права во однос на оваа марка се задржани. Доколку не е поинаку назначено, сите други трговски марки кои се појавуваат на video.bibi.mk се сопственост на нивните соодветни сопственици.
Платформата им овозможува на регистрирани корисници и посетители повеќе можности да ги прегледаат поставените едукативни материјали и да ги користат истите за подигнување на знаењето.
video.bibi.mk има единствено и апсолутно право, да ги прегледа, промени, постави, да одбие објавување, да отстрани, да ги следи корисничките содржини и да ги открива содржините и околностите на нивниот пренос на која било трета страна, во кое било време, од која било причина, вклучувајќи да се утврди усогласеноста со овие Услови на употреба и сите оперативни правила воспоставени од страна video.bibi.mk, како и да ги задоволи сите применливи закони, регулативи или овластени владини барањa. Без ограничување на горенаведеното,video.bibi.mk има право да ги отстрани кои било содржини од заедници или кој било друг платформа под контрола на Светот на Биби ДОО, во својата единствена и апсолутна дискреција.video.bibi.mk не презема никаква одговорност за кои било содржини или други информации кои се појавуваат или се отстранети од платформата или на друго место. video.bibi.mk нема обврска да ги користите корисничките содржините и може да не го прави тоа воопшто.
Покрај содржините кои се од едукативен карактер платформата содржи и банери со рекламен материјал со следнава содржина но не ограничувајќи се на истата:
i. Продажба или изнајмување на (1) дел од лиценцирана едукативна содржина, (2) сите дериватни дела базирани барем делумно на Лиценцираната образовна содржина или (3) било колективно дело кое вклучува кој било дел од Лиценцираната образовна содржина;
ii. продажба на реклами, спонзорства или промоции ставени на едукативни содржини, или кој било дел од платформата, или продажба на реклами, спонзорства или промоции на која било платформата или блог кој содржи дел од лиценцираниот едукативен материјал, вклучувајќи без ограничување "pop-up реклами ".
Ние не ги прифаќаме или земаме предвид кои било непосакувани идеи пренесени директно или преку кој било вработен во video.bibi.mk, вклучувајќи, без ограничување, идеи или предлози кои се однесуваат на нови производи или подобрување на постојните, на имиња или технологии, на рекламирање и маркетинг кампањи, планови или други промоции. Не ни испраќајте нас, или на кој било од нашите вработени, несакани идеи, предлози, материјал, слики или други работи во било која форма ("Небарани Материјали"). Ако ни испратите несакани материјали, разбирате и се согласувате дека следниве услови ќе се применуваат, без оглед на испратено мотивационо писмо или други материјали кои сте ги испратиле:
video.bibi.mk нема обврска да ги разгледа кои било несакани материјали, ниту пак да ги чува доверливи; иvideo.bibi.mk ги поседува, и може да ги користи и редистрибуира несаканите испратени материјали за каква било цел без претходно информирање на испраќачот и без негово знаење.
КРАЈНИОТ КОРИСНИК ЕКСПЛИЦИТНО СЕ СОГЛАСУВА ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ОВАА ПЛАТФОРМА Е ПОД НЕГОВА ОДГОВОРНОСТ. НИТУvideo.bibi.mk, НЕГОВИТЕ ПОДРУЖНИЦИ, НИТУ НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, АГЕНТИ, ПРОДАВАЧИ, ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ, СОРАБОТНИЦИ, ПРОВАЈДЕРИТЕ НА СОДРЖИНА ИЛИ ДАВАТЕЛИ НА ЛИЦЕНЦА ИЛИ НЕКОЈ ОД НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, ДИРЕКТОРИ, АГЕНТИ, НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ПЛАТФОРМАТА ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТО, БЕЗГРЕШНО, БЕЗ ВИРУСИ ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ; НИТУ ПАК ГАРАНТИРААТ ЗА (А) РЕЗУЛТАТИТЕ И УСПЕХОТ, КОИ МОЖАТ ДА СЕ ПОСТИГНАТ СО УПОТРЕБА НА ОВАА ПЛАТФОРМА, ИЛИ БИЛО КОЈА МИКРОСТРАНА, ИЛИ ЗА (Б) ТОЧНОСТА, ВЕРОДОСТОЈНОСТА ИЛИ ЦЕЛОСНОСТА НА (1) СОДРЖИНАТА НА СТРАНАТА, ВКЛУЧИТЕЛНО, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА РЕКЛАМНИТЕ ПОНУДИ КОИ СЕ ПОСТАВЕНИ ОД РАЗЛИЧНИТЕ ДОБАВУВАЧИ; (2) ОПИСОТ НА ПОНУДИТЕ ОД ПРОДАВАЧИТЕ, ПРОИЗВОДИТЕ ИЛИ ДРУГИ ПРОГРАМИ; ИЛИ (3) КОРИСНИЧКА СОДРЖИНА ДАДЕНА ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА.
ОВАА ПЛАТФОРМА И ЦЕЛАТА НЕЈЗИНА СОДРЖИНА, КОРИСНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ, ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОНУДИТЕ И ПРОДАВАЧИТЕ СЕ СТАВЕНИ НА РАСПОЛАГАЊЕ НА БАЗА "КАКО ШТО СЕ" И "КОГА СЕ ДОСТАПНИ”. ДО СТЕПЕН ДО КОЈ ДОЗВОЛУВА ПРИМЕНЛИВИОТ ЗАКОН, video.bibi.mk СЕ ОГРАДУВА ОД БИЛО КАКВА ОДГОВОРНОСТ И УСЛОВИ, ИЗРАЗЕНИ ИЛИ НАЛОЖЕНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ И ОГРАНИЧЕНИ НА, ОНИЕ КОЈ СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРЕКРШОЦИ, ТРГУВАЊЕ ИЛИ ПРИЛАГОДЕНИ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА.
ПЛАТФОРМАТА, УСЛУГАТА И СОДРЖИНИТЕ СЕ ДАДЕНИ "КАКО ШТО СЕ", "КАКО ШТО Е ДОСТАПНО", "СО СИТЕ НЕДОСТАТОЦИ" И БЕЗ ГАРАНЦИЈА ОД КАКОВ БИЛО ВИД, ЈАСНО НАГЛАСЕНИ ИЛИ ДА СЕ ПОДРАЗБИРААТ.
СВЕТОТ НА БИБИ ДОО И ВРАБОТЕНИТЕ, НЕГОВИТЕ ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ И АГЕНТИ ЦЕЛОСНО СЕ ОДРЕКУВААТ ОД СЕКАКОВ ВИД ОДГОВОРНОСТИ ДОЗВОЛЕНИ СО ЗАКОН, БИЛО ТИЕ ДА СЕ ЈАСНО НАВЕДЕНИ ИЛИ ДА СЕ ПОДРАЗБИРААТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА: ИМПЛИЦИРАНИ ГАРАНЦИИ НА СОПСТВЕНОСТ, СООДВЕТНОСТ ЗА ПРОДАЖБА, СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА И НЕПРЕКРШУВАЊЕ.
ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ video.bibi.mk, НЕГОВИТЕ СОРАБОТИЦНИ И НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, ДИРЕКТОРИ, АГЕНТИ ИЛИ ПРОДАВАЧИ, ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ И ПРОВАЈДЕРИ НА СОДРЖИНА НЕ СЕ ОДГОВОРНИ ЗА БИЛО КОИ ПОСРЕДНИ, СЛУЧАЈНИ, СПЕЦИЈАЛНИ, ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ИЛИ КАЗНЕНИ ШТЕТИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД, ИЛИ СЕ ПОВРЗАНИ СО (А) ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАТФОРМАТА, СОДРЖИНАТА, КОРИСНИЧКАТА СОДРЖИНА И ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ СОДРЖАНИ НА ПЛАТФОРМАТА, (Б) ВАШАТА НЕМОЖНОСТ ДА ГО КОРИСТИТЕ ПЛАТФОРМАТА, (В) ПРОМЕНА ИЛИ ОТСТРАНУВАЊЕ НА СОДРЖИНА ПОСТАВЕНА НА ПЛАТФОРМАТА, (Г) ПОНУДИТЕ ОД КОМПАНИИТЕ КОИ ПОСТАВУВААТ РЕКЛАМИ ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА, ИЛИ (Д) ОВИЕ ПРАВИЛА И УСЛОВИ НА УПОТРЕБА.
ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ИНТЕРНЕТ-ПЛАТФОРМАТА И ДОВЕРБАТА КОН УСЛУГАТА И/ИЛИ СОДРЖИНИТЕ Е НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК. ИСТО ТАКА, ВИЕ СТЕ ОДГОВОРНИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ПРАВЕЊЕ НА КОПИИ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО РАМКИТЕ НА УСЛУГАТА.
ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ И ПОТВРДУВАТЕ ДЕКА СИТЕ СОВЕТИ, СОДРЖИНИ, ПОДАТОЦИ, ИНФОРМАЦИИ ДОБИЕНИ ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА И УСЛУГАТА НЕ СЕ НАМЕНЕТИ КАКО ЗАМЕНА ЗА ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ, ЗНАЕЊЕ, ЕКСПЕРТИЗА ИЛИ ВЕШТИНА И ДЕКАvideo.bibi.mk ПЛАТФОРМАТА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ОДГОВОРНА ЗА ДОБИЕНИТЕ КРАЈНИ ОЦЕНКИ НА УЧЕНИКОТ КОЈ ЈА КОРИСТИ ПЛАТФОРМАТА. video.bibi.mk ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ Е ОДГОВОРНА ЗА УСПЕХОТ КОЈ ГО ПОСТИГНУВА УЧЕНИКОТ.
НЕМА ДА СНОСИМЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, СЛУЧАЈНИ, ПОСЕБНИ, ПОСЛЕДИЧНИ ИЛИ ШТЕТИ ОД ДРУГ ТИП, ВКЛУЧУВАЈЌИ НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА, ЗАСТОЈ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ, ШТЕТИ ЗАРАДИ ЗАГУБА НА ПРОФИТ, УПОТРЕБА, ПОДАТОЦИ ИЛИ ДРУГИ НЕМАТЕРИЈАЛНИ ЗАГУБИ (ДУРИ И АКО СМЕ БИЛЕ ИЗВЕСТЕНИ ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВИ ШТЕТИ) ШТО ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД: ПРАВИЛАТА И УСЛОВИТЕ ЗА УПОТРЕБА, КОРИСТЕЊЕТО ИЛИ НЕМОЖНОСТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАТФОРМАТА, УСЛУГАТА, СОДРЖИНИТЕ, ВАШИТЕ СОДРЖИНИ, КОМЕРЦИЈАЛНИТЕ ПРОИЗВОДИ ИЛИ КОРИСНИЧКИТЕ РЕКЛАМИ ГЕНЕРИРАНИ ПРЕКУ ТРЕТИ ЛИЦА ДОСТАПНИ НА ИЛИ ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА;, ПОРАКИ / ТРАНСАКЦИИ ДОБИЕНИ ПРЕКУ ИЛИ ОД УСЛУГАТА; НЕОВЛАСТЕН ПРИСТАП, ИЛИ ПРОМЕНА НА ВАШИИTE ТРАНСМИСИИ ИЛИ ПОДАТОЦИ; ИЗЈАВИ ИЛИ ПОСТАПКИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ ЗА УСЛУГАТА; КАКВА И ДА БИЛО ИНТЕРАКЦИЈА СОvideo.bibi.mk; ИЛИ НЕШТО ДРУГО ВО ВРСКА СО УСЛУГАТА.
СО ОВА ГО ОСЛОБОДУВАТЕ СВЕТОТ НА БИБИ ДОО И НЕГОВИТЕ ПОДРУЖНИЦИ, ФИЛИЈАЛИ, СОРАБОТНИЦИ, СЛУЖБЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, УПРАВНИЦИ, ПОДРУЖНИЦИ, ПОДИЗВЕДУВАЧИ, АГЕНТИ И ВРАБОТЕНИ, ОД СЕКАКОВ ВИД ЖАЛБИ, БАРАЊА И ШТЕТИ ОД РАЗЛИЧНА ПРИРОДА (ВКЛУЧУВАЈЌИ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА, АКТУЕЛНИ, ПОСЕБНИ, СЛУЧАЈНИ И ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ), ПОЗНАТИ И НЕПОЗНАТИ, ОСОМНИЧЕНИ И НЕОСОМНИЧЕНИ, ОТКРИЕНИ И НЕОТКРИЕНИ, КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ИЛИ СЕ НА КОЈ БИЛО НАЧИН ПОВРЗАНИ СО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ, СОДРЖИНИТЕ, ИНТЕРНЕТ-ПЛАТФОРМАТА, ВАШИТЕ СОДРЖИНИ, КОМЕРЦИЈАЛНИ ПРОИЗВОДИ ИЛИ БИЛО КОЈА СОДРЖИНА ГЕНЕРИРАНА ОД ТРЕТИ ЛИЦА, ДОСТАПНИ НА ИЛИ ПРЕКУ ПЛАТФОРМАТА.
СТЕ ЗАПОЗНАЕНИ И СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ПЛАТФОРМАТА, НАЈАВАТА НА ИСТАТА, СНИМАЊЕТО, ИЛИ ДОБИВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА, СОФТВЕР ИЛИ ПОДАТОЦИ ПРЕКУ ВЕБ САЈТОТ (ВКЛУЧИТЕЛНО И ПРЕКУ КАКВИ И ДА БИЛО API’S Е НА ВАШ РИЗИК И ВИЕ ЌЕ БИДЕТЕ ЦЕЛОСНО ОДГОВОРНИ ЗА БИЛО КАКВА ШТЕТА ВРЗ ВАШАТА ПРИВАТНА СОПСТВЕНОСТ (ВКЛУЧИТЕЛНО И ВАШИОТ КОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМ) ИЛИ ГУБЕЊЕ НА ПОДАТОЦИ ПОРАДИ ТОА.
Кога ја користите платформата или испраќате електронски (имејл) пораки до video.bibi.mk, Вие комуницирате со нас по електронски пат и се согласувате да примате електронски пораки од нас во врска со Вашата употреба на платформата. Ние ќе комуницираме со Вас преку имејл или преку поставување нотификации или коментари на платформата. Вие се согласувате дека сите спогодби, забелешки или друга комуникација која ви е пренесена по електронски пат ги задоволува правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ. Известувања од нас ќе се сметаат за уредно доставени на денот на испратената електронска порака од наша страна, на Вашата е-адреса која сте ја оставиле на Вашиот профил или сте ни ја дале низ друга форма на комуникација со Вас.
Се согласувате да го браните и заштитите video.bibi.mk и неговите вработени лица, директори, агенти од и против сите побарувања, штети, обврски, загуби, одговорности, трошоци, долгови, вклучително и адвокатски трошоци кои произлегуваат од или се поврзани со: (a) било која Ваша употреба на платформата (или на некој друг кој го користел Вашиот профил) кое ги прекршува овие Правила и услови на употреба, (б) измама која сте ја направиле Вие или (в) прекршување на било кои Закони на Р.М или странски закони или права на трети лица.
Крајниот корисник се согласува дека ќе ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата СВЕТОТ НА БИБИ ДОО, неговите одговорни лица, вработени и агенти за сите побарувања за отштета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на оваа веб страна од страна на крајниот корисник.
Платформата може да содржи реклами, содржини или линкови до други интернет-страници или платформи кои се во сопственост на трети лица. Ние немаме контрола на тоа и не преземаме одговорност за содржината, политиките за приватност, или практиките за содржините на третите лица или интернет-страниците и нивните содржини. Ве молиме, имајте предвид дека кога ќе кликнете на некој од овие линкови, пристапувате на друга интернет-страница за која ние не сносиме одговорност или немаме контрола.
Вие се согласувате дека ние нема да бидеме одговорни за загуба или оштетување од кој било вид, настанати како резултат на користењето на содржина од трето лице, интернет-страници или услуги, без разлика, дали сте се поврзале нив преку video.bibi.mk плaтформата. Со ова Вие сте известени, знаете и потврдувате дека интернет-страниците и услугите на третите лица може да бидат предмет на нивните сопствени услови за користење и политики, и Вие сте единствено одговорни за прегледувањето и почитувањето на нивните условите за користење.
video.bibi.mk нема да се смета за одговорен за функционирањето на платформата во согласност со овие Правила и услови на употреба, до степен до кој истото е предизвикано или одложено, делумно или целосно како резултат на настан или серија на настани кои се предизвикани од: (а) временски непогоди или други дејствија на природата или виша сила, (б) војна, тероризам, граѓански нереди или револуции, (в) ембарго или карантин, (г) штајкови, (д)грешка или прекин на компјутерски хардвер, мрежи или софтвер или (ѓ) друг.
Со цел да дојдете во контакт со нашата корисничка поддршка, ве молиме посетете ја на нашата страница за контакт и искористете ги контакт информациите, со цел да не контактирате.